Борусија Дортмунд ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето против Херта со резултат од 2:5 во најдобрата германска Бундеслига. Во главна улога кога се работи за постигнување на погодоците беше норвежанецот Халанд со дури четири постигнати гола.
Сепак историјата ја запиша, односно младиот голгетер Јусуфа Мукоко сруши рекорд и стана најмладиот дебитант во Бундеслигата со само 16 години и еден ден, откако тренерот Фавр му даде шанса за настап во 85 минута од натпреварот токму на местото на Халанд.



