Во Шпанија се одиграа првите натпревари од 12. коло од „Ендеса“ лигата. Еден од нив беше и мечот на Канарските острови, во кој се сретнаа екипите на Гран Канарија и на Андора. За нас интересен затоа што во домашната екипа настапува новиот репрезентативец на Македонија, Џејкоб Вајли. Неговиот тим загуби со резултат од 62:79.
Силното крило на Гран Канарија одигра 19.минути во кои реализираше пет поени, како и по два скока и исто толку асистенции за тоа време поминато во игра. ран Канарија е на 17. место на табелата во најсилната европска лига, има само две победи.



