Победнички крај за шампионот ЖФК Каменица Саса во последното 15 коло од првата полусезона во Прва ЖФЛ. Во фер и коректен натревар домашната екипа на Каменица стигна до рутинска победа од 6:0 над тимот на ЖФК Плачковица од Радовиш.
Во победничкиот табор најефикасни беа Ана Димитровска капитенката на тимот која постигна четири гола, додека по едн гол постигнаа Пале Николовска и Дајана Ристовска за победничко одјавување во првата натпреварувачка полусезона.



