Јусуфа Мукоко, чудото од дете на Борусија Дортмунд наполни 16 години, што е услов за да може да дебитира за сениорскиот тим на Милионерите. Доколку Мукоко се најде во составот на Лусиен Фавр кој ќе патува за Берлин во пресрет на мечот против Херта, ќе испише историја за најмлад играч во Бундеслигата.

Засега рекордот за најмлад играч во Бундеслигата го држи Нури Сахин, кој на 16 години и 335 дена дебитираше за Милионерите во 2005 година, но затоа ако камерунецот добие шанса од Фавр против Херта ќе го сруши рекордот.



