Луис Хамилтон сруши неколку рекорди во Формула 1, меѓу кои и оној по бројот на победи 94, рекордер е според пол-позиции 97, подиуми 163, поени засега има 3.728, а се изедначи со Михаел Шумахер по бројот на шампионски титули.
Двајцата имаат по седум, а Хамилтон првата ја освои во 2008 година, годината во која Шумахер даде една изјава со која најави дека нема да биде изненаден ако еден ден Хамилтон освои и седум титули.
Двајцата дебитираа во Ф1 на 22 години, Шумахер најславните денови ги имаше во болидот на Ферари, Британецот доминира со Мерцедес, а пред 12 години Хамилтон беше талент за кој Шуми имаше пофални зборови.



