Првиот натпревар од Чемпионшип по репрезентативната пауза го одиграа Ковентри и Бирмингем.
Овие два ривали се необични поради фактот дека веќе две сезони, Ковентри не може да ја откупи својата ,,Рикох Арена” и ги игра своите домашни натпревари на стадионот на Бирмингем – ,,Ст. Ендру’с”.
Парафразирано, денес Бирмингем беше гостин на својот домашен терен, во средбата што заврши со реми од 0-0.
Ова беше прв меѓусебен лигашки натпревар после 10 март 2012, кога Ковентри беше релегиран од Чемпионшип.
Единствената сериозна шанса на мечот ја имаше напаѓачот на ,,гостите”, Лукас Јуткиевич, кој погоди пречка на осум минути пред крајот.
Двете екипи освоија поен за првпат после мини-сериите од два порази. Моментално, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бирмингем е тринаесетти тим во втората лига, додека Ковентри ја зазема дваесет и првата позиција.



