Вецлар за кој што настапува искусниот Филип Миркуловски ја запиша својата најголема победа во историјата на Бундеслигата и тоа против Лудвигсхафен на голманот Мартин Томовски со резултат од 29:11.
За Вецлар Миркуловски постигна само еден гол, додека на спротивната страна Томовски имаше скромен учинок од само еден одбранет удар. Вецлар е петти на табелата со 10 бодови од 8 натпревари, додека Лудвигсхафен е на 18-тата позиција со само три освоени бодови.



