Вториот денешен меч во КХЛ донесе натпросечни седум постигнати погодоци. Имено, во ,,Барис Арена”, во Нур-Султан, главниот град на Казахстан, силите ги одмерија домаќинот Барис Нур-Султан и гостинот Авангард Омск.
Гостите лесно успеаја да слават со 2-5, преку доминантната игра.
Во првата третина, на секои четири минути паѓаше по еден гол, од кои, три за Омск (Денис Зернов, Наил Јакупов и Алексеј Емелин) и еден за Барис (Јакоб Лилја).
Во втората третина, единствен стрелец беше Кирил Семјонов, кој го зголеми водството на Авангард на 1-4.
Третиот период од средбата беше отворен со голот на Дмитри Гурков за 2-4, а конечниот резултат го постави Зернов, со својот втор погодок на мечот.
Ситуацијата на табелата остана речиси непроменета, бидејќи Авангард остана на второто, а Барис на деветтото место на Истокот.



