Електричниот модел Honda E ја освои титулата „Германски автомобил за 2021 година“. Honda E стана прво возило на некој јапонски бренд на кој тоа му пошло од рака. Автомобилот исто така победи и во категоријата „Нова енергија“.

Наградите за „Германски автомобил на годината“ ги доделува жири составено од водечки германски новинари кои ја следат автомобилската индустрија. Ова тело ги тестира и оценува најновите автомобили, рангирајќи ги според нивната употребливост, возни карактеристики, релевантност на пазарот и нивото на иновативност.



