Во рамките на 13 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар, екипата на ЖФК Речица дојде до супер важни три бода во првенството со минималната гостинска победа среде Битола против тимот на ЖФК Атлетико.
До крај двете екипи ќе водат грчевита битка да се одржат во првите осум клуба кои што носат опстанок во лигата, бидејќи последните пак осум екипи на табела наредна сезона ќе играат во Втора лига.



