Најинтересниот меч од дванаесеттото коло во Лиг 2 го одиграа Порт Вејл и Транмер Роверс.
Ова беше воедно нивната прва меѓусебна средба сезонава, којашто беше проследена со седум голови, односно заврши со 3-4 во корист на Транмер.
На полувремето, домаќините водеа со 2-0, а стрелци беа Том Конлон од пенал (16′) и Дејвид Аму (24′).
Клучниот момент се случи во 52. минута, кога Лук Џојс заработи директен црвен картон и го остави домаќинот со десетмина фудбалери на теренот.
Во рок од дваесет минути, Транмер израмни на 2-2, со двата погодоци на Џејмс Воган (58′ и 71′ од пенал), кој е актуелен најмлад стрелец во Премиер лигата уште од почетокот на новиот милениум.
На петнаесет минути до крајот, Деванте Родни го врати Порт Вејл во водство, забивајќи за 3-2.
Транмер не се предаде и успеа да израмни на 3-3 во третата минута од судиското продолжение преку Кејн Вулери, а три минути подоцна направи целосен пресврт благодарение на вториот гол сезонава на Кирнон Морис.
Со овој триумф, Транмер скокна на петнаесеттата, а Порт Вејл падна на осмата позиција на табелата.



