Во рамките на 13 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар во Прилеп, домашната екипа ја пречека битолската млада екипа на ЖФК Топ Гол и ги совладаа со резултат од 4:0 на полувреме беше 1:0 за прилепчанки.
Најзаслужни за триумфот се Анастасија Илиевска и Катерина Милеска кои што двете постигнаа по два гола за конечна победа од 4:0 и враќање на клубот на победнички патеки, по ремито без голови минатото коло од 0:0 против ЖФК Скопје.



