Аријан Адеми речиси сигурно ќе биде во стартниот тим на Македонија за денешниот клучен меч против Грузија, па со тоа се комплетира стартниот состав во најзначајниот меч во нашата фудбалска историја. Иако има последици од повредата ќе стартува од првата минута за да помогне во остварување на нашите цели и пласман на Европско првенство.
Според најчесто употребуваната формација 3-5-2, селекторот Игор Ангеловски ќе стартува со Димитриевски на голот, а во централната дефанзивна одбрана ќе бидат Бејтулаи, Велковски и Муслиу.
Страничните позиции се резервирани за Ристовски и Алиоски, додека главни на средината од теренот треба да бидат Адеми и Николов. Малку понапред ќе биде Елмас, додека капитенот Пандев и Несторовски ќе бидат во офанзивниот дел.



