Во Струга на првенствен натпревар од 12 коло во фер и коректна игра, тимот на ЖФК Ас Јунајтед со нова победа овој пат над ЖФК Атлетико од Битола со резултат од 8:0 на полувреме беше 6:0 повторно се врати на чело на табелата.
Победата и новите три бода ги донесоа Илза Максути која беше стрелец на дури пет гола, а по еден гол постигнаа Кристина Мојсоска, Оливера Цоклеска и Веса Села. Битолчанки по победата во градското дерби, немаа сили за нов подвиг и шанса за поволен резултат ќе бараат на следните натпревари, додека стружанки ќе се обидат да се задржат на врвот на табелата.



