Николас Пепе во летото 2019 година стана најскап трансфер во историјата на Арсенал кога англискиот клуб му плати на Лил 80 милиони евра. 25-годишното крило не е задоволен од статусот кој го има во составот на менаџерот Микел Артета.
Оваа сезона беше стартер само на еден натпревар, запиша вкупно 12 настапи со три гола и две асистенции, а сега јавно се пожали на малата минутажа. После тренинг дознавам дека сум замена. Фрустрирачки е да се седи на клупа. На мене е да докажам дека местото ми е на теренот – рече Пепе за „Скај Спортс“.



