Женската сениорска репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг пред оној официјален почетокот на ноемврискиот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2021 година.
Поради нешто подоцнежниот термин за ПЦР тестот кој го реализира ФИБА со кој беа опфатени сите присутни на турнирот во Рига, нашиот стручен штаб мораше да ги откаже сите планирани активности, затоа пак многу позначајна е информацијата дека сите во македонската експедиција кои се присутни во „балонот“ во Рига добиле негативен резултат по тестирањето.



