Американецот во редовите на Црн Дрим Грин мобил, Кори Рос, засега е најдобриот стрелец во шампионатот. Има просек од 25.5 поени, остварен на оние два меча кои новакот од Струга ги одигра во досегашниот дел од лигата (имаат одложен натпревар со екипата на Вардар).
Веднаш зад неговиот, е ефектот на Антаун Максвел од Кожув, кој е на просек од 23.5 поени. Во три натпревари, Александар Андрејевиќ (Куманово 2009) собра вкупно 32. скока, или во просек по 10.6 по меч, кои го прават најдобар во таа статистичка категорија, а во која двоцифрен е и Кардосо Марсело (Црн Дрим Грин мобил) со десет скока, додека Александар Тодоровиќ (Гостивар) има 9.33.
Кај асистентите, трката ја поведе Тремејн Исабел (МЗТ Скопје Уни Банка) со 7.67 додавања по натпревар. Зад него со по шест асистенции во просек, се Малком Армстед (Гостивар) и Тај Херис (ТФТ).
Најмногу „користен“ играч во овие три кола е Кори Рос од Црн Дрим Грин мобил, кој во просек игра по 38:37 минути. А висока „минутажа“ имаат и Роналд Харис (Академија ФМП), 36:44, како и Тајрон Херис (ТФТ) кој во просек игра по 36:18 минути.
Процентуално, Стефан Крстајиќ (Академија ФМП) е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања, погодува со 94.74% на успешност, пред двоецот од Еуро Никел 2005, Антон Казарновски и Дарко Соколов кои имаат по 84.6% односно 81.8%.
Ламар Вашингтон (Работнички) има најдобар процент на реализација во обидите вредни по два поени. Погодува со 80% на успешност, пред Стефан Крстајиќ од Академија ФМП со 78.2% и неговиот соиграч, Роналд Харис кој има 76%.
Кај тројкашите, во моментално водство е репрезентативното крило на Работнички, Кирил Николовски. Погодува со високи 60% од зад линијата 6.75 метри. Нешто послаб е ефектот на неговиот клупски соиграч, Стефан Балмазовиќ (58.3%), додека високо котира и Јане Петровски (Еуро Никел 2005) со процент на реализација од 54.55%.
Извор и фото: https://kfsm.mk/