Жозе Мурињо по осум кола е на второ место на премиерлигашката табела, само еден бод заостанување од лидерот Лестер. На последниот лигашки натпревар и тешкиот минимален триумф над Вест Бромбич Албион, на новинарско прашање дали Тотенхем е спремен за нов шампион на Англија, португалецот изјави:
,,Од најдобрите пет лиги во светот Тотенхем во секоја од нив би бил шампион, освен во Премиер лига која е најтешка за освојување. Екипите се изедначени, конкуренцијата е голема. Па замислете вие да бидете шампион пред екипи, како само што се: Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунатед, Лестер, Арсенал и Челзи. Можеш да имаш добра сезона, но на крај да не освоиш титула” – заврши на крај Жозе Мурињо.



