Тринаесеттата овосезонска трка, од Мото 2 категоријата, беше одржана на патеката ,,Рикардо Тормо” во Валенсија, но го носеше називот како Европско гран-при.
Речиси во текот на цела трка, Марко Беѕеки ја држеше првата позиција и го диктираше темпото.
На десет кругови до крајот, тогашниот водечки во генералниот пласман, Сем Лоус, излета од патеката, поради грешка во четвртата кривина, додека имаше подиум-пласман.
Откажувањето на Британецот вклучи три останати Италијанци во битката за шампионската титула.
Имено, Беѕеки ја оствари својата втора овосезонска, а воедно и втора Мото 2 победа во кариерата, оставајќи ги зад себе Хорхе Мартин и Реми Гарднер.
Пласман во првите петнаесет изборија уште: Бастијанини, Балдасари, Марини, Гарзо, Булега, Виерхе, Наваро, Канет, Нагашима, Шротер, Бендснајдер и Манци.
Со новите поени, Бастијанини го презеде водството во вкупниот поредок (184 поени), спуштајќи го Лоус на второто место (178 поени). Освен нив, во шампионската битка се вклучија Лука Марини (165 поени) и денешниот победник Марко Беѕеки (155 поени) на две трки пред крајот.



