Се чекаше до 11 коло додека се соочат минатогодишниот шампион ЖФК Каменица Саса и претендентот за титула екипата на ЖФК Скопје. По елиминацијата од Лига на шампиони во прво коло против бугарскиот шампион НСА Софија, сега македонскиот шампион силите ги насочува кон домашниот шампионат.
ЖФК Скопје ќе се обиде да стигне до бодови и да се позиционира на врвот на табелата и да се обидат да се вратат на шампионските патеки. Домаќинот има хендикеп што на овој меч ќе игра без првотимката Елена Панеска која поради повреда левиот бек не ќе може да им помогне на соиграчките.
Ова ќе биде рамноправен натпревар за кој што двете екипи ќе атакувааат на трите бода и само една грешка или еден убав потег може да биде решавачко за конечниот победник. Натпреварот ќе се одигра на 08 Ноември – Недела – 12:00 часот на стадионот ,,Македонска Каменица”.



