Во најраниот денешен термин од осмото премиерлигашко коло, на ,,Гудисон Парк” се соочија Евертон и Манчестер Јунајтед.
Кога се во прашање средбите од сите натпреварувања и двете екипи влегоа во овој дуел со два порази.
Сепак, ситуацијата за Јунајтед беше покомплицирана бидејќи тренерот, Оле Гунар Солскјер, беше под притисок, по поразот од Башакшехир пред три дена.
На денешната средба, Манчестер Јунајтед, со пресврт успеа да слави со 1-3.
Најпрво, со првиот лигашки погодок после 8 февруари 2020, Бернард (19′) му донесе водство на Евертон.
До крајот на полувремето, ,,Црвените ѓаволи” направија пресврт, благодарение на Бруно Фернандеш, кој двапати ја затресе противничката мрежа (25′ и 32′).
Конечниот резултат го постави Единсон Кавани (90+5′) со неговиот дебитантски гол во црвениот дрес.
За Солскјер, ова е прв триумф над Евертон во тренерската кариера, кој засега му го спасува тренерското столче во тимот од ,,Олд Трафорд”.
Од друга страна, Анчелоти губи три лигашки натпревари во низа за првпат после ноември 2006, додека го предводеше Милан.



