Единаесеттото коло од англискиот Чемпионшип беше отворено во велшката престолнина, каде што се соочија Кардиф и Бристол Сити.
Гостите од Бристол успеаја да слават со 0-1, иако беа инфериорни во поголемиот дел од мечот.
Единствен стрелец на средбата беше засилувањето на ,,Робинс” од Дерби Каунти, Крис Мартин, уште во втората минута.
Ова е вкупно четврти последователен меѓусебен дуел што завршува со резултат од 1-0, а во истата серија и двете екипи имаат по два триумфи.
Втората врзана победа го искачи Бристол до второто место на табелата, додека Кардиф е тринаесетти. Ситуацијата најверојатно утре ќе се промени бидејќи, во овој момент, денешните ривали имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.



