Легендарниот англиски тренер што имаше големи успеси со Дерби Каунти и со Нотингем Форест, Брајан Клаф, одлично му го предаде занаетот на својот син Најџел.
Имено, пред почетокот на летото, Најџел Клаф, исто како и Брајан, го заработуваше својот ,,леб” во Источен Мидлендс, односно во тимот на Бартон Албион.
Сепак, поради слабите резултати во последните месеци од минатата сезона, Клаф своеволно го напушти третолигашот и беше заменет со поранешниот играч на Дерби – Џејк Бакстон.
Поранешниот англиски репрезентативец не требаше да чека долго за својот нов ангажман.
Имено, поради пласманот на дваесет и втората позиција во Лиг 2 по првите единаесет кола, Џон Демпстер се соочи со отказ од клупата на Мансфилд Таун.
За негов наследник беше назначен токму Брајан Клаф, кој ќе се обиде да го врати тимот во горната половина на табелата и дури да се бори за пласман во Лиг 1.
Договорот на Мансфилд со новото зајакнување на клупата истекува во јуни 2023.
,,Почестена сум што го претставувам ангажирањето на Најџел Клаф за наш нов менаџер.” – напиша на својот Твитер профил популарната сопственичка на Мансфилд – Каролин Редфорд.
,,Ова е голем предизвик, но клубот има огромен потенцијал. Токму тоа е главната причина. Ова е многу добар клуб и има многу добри луѓе овде… Мислам дека ова е одлична прилика. Се сретнавме накратко со играчите утрово. Како прво, несомнено ќе го дадеме целиот максимум. Исто така, сакаме да напаѓаме што е можно повеќе. ” – порача Клаф.



