Отворањето на 11. коло од Прва ЖФЛ ќе се отвори со градско дерби помеѓу битолските ривали ЖФК Атлетико Битола и ЖФК Топ Гол. Ова ќе биде рамноправен натпревар за кој што двете екипи ќе атакувааат на трите бода. Тимовите се млади и талентирани и само една грешка или еден убав потег може да биде решавачко за конечниот победник.
Натпреварот ќе започне во 12.00 часот и ќе се игра на фудбалското игралиште ,,Павел Шатев” на 07.11.2020 година (сабота). Минатиот викенд не се играше првенствени натпревари од женската фудбалска лига, бидејќи се чекаше на прописите и правилата околу тестовите, но тој проблем е решен и ќе продолжи лигата во Прва ЖФЛ.



