Екипата на белградски Партизан се соочува со голема резултатска криза, кога ќе се согледаат нивните амбиции и достигнувања од минатата сезона.
Во Еврокупот и во АБА лигата, ,,црно-белите” имаат учинок од две победи и три порази во првите пет кола.
Целата ситуација резултираше со меѓусебно раскинување на договорот со веќе поранешниот тренер Владо Шчепановиќ.
На негово место, челниците на Партизан го доведоа искусниот Сашо Филиповски, кој ќе биде официјално претставен утре во 14:00 часот, а ќе го води српскиот состав веќе во сабота, кога ќе ги одмери силите со Задар во шестото коло од АБА лигата.
Во досегашната тренерска кариера, Словенецот му беше помошник на Душко Вујошевиќ во ЦСКА Москва, а како главен тренер предводеше повеќе екипи, помеѓу кои се наоѓаат: Унион Олимпија, Лотоматика, Зиелона Гора, Банвит и Монако.



