Вечерва од 18:55 часот во рамките од групната фаза на Лига Европа во Ф групата во трето коло ќе се одигра македонското дерби помеѓу Дарко Велковски и неговиот тим Риека против Елиф Елмас и тимот на Наполи.
Елиф Елмас со својот тим ќе атакува на нова победа за заверување на пласманот во наредна фаза, додека Риека ги бара првите бодови во оваа група. Во останатите дуели каде што ќе има македонски преставник е натпреварот помеѓу Динамо Загреб чиј капитен е Аријан Адеми и ќе играат против австриски Волзбергер од 21:00 часот, како и мечот помеѓу Зорја за кој настапува младинскиот репрезентативец Агрон Руфати против тимот на Аек од Грција исто така во 21:00 часот.



