По воведните осум кола во Чемпионшип, Рединг изгледаше незапирливо со седум победи и едно реми.
Изминатиот викенд, серијата на ,,Ројалс” беше прекината од Ковентри (3-2), а избраниците на Вељко Пауновиќ, денес го запишаа и вториот пораз во низа.
Овој пат, профитираше Престон, кој на гостински терен забележа триумф од 0-3, по двата врзани порази.
Првиот шампион на Англија во историјата, дојде до водството преку Скот Синклер (64′), откако претходно Даниел Џонсон промаши пенал (48′).
Само четири минути по воведниот погодок, својот првенец во белиот дрес го постигна Емил Риис, кој зголеми на 0-2. Конечниот резултат го постави Бред Потс бо првата минута од судиското продолжение.
И покрај поразот, Рединг останува на врвот на табелата, додека Престон, со новите три поени, се искачи на тринаесеттото место.



