Преговорите помеѓу Баерн Минхен и Давид Алаба за продолжување на соработката завршија неуспешно. Претседателот на „баварците“ откри дека му дале рок на дефанзивецот да се произнесе до крајот на октомври, одговорот бил дека понудената плата не е доволна па шампионот на Германија решил да се повлече од разговорите.
Со ваквиот потег, Баерн Минхен покажува дека клубот е поважен од секој индивидуалец и дека нема да дозволат да бидат уценувани. Од друга страна, клубот ризикува за малку пари или за беспари да остане без квалитетен играч.



