Иско фудбалерот на Реал Мадрид од средината на теренот е повеќе на клупа одошто на терен, а малата минутажа може да значи дека нема да биде повикан за Шпанија на наредното Европско Првенство и ќе мора да прифати понуда од друг клуб за да си ги исполни соништата и да заигра на нов шампионат.
Екипи кои што се заинтересирани за неговите услуги се Јувентус, Арсенал и Севилја, но андалузискиот клуб нема толку многу средства на располагање за да може да го ангажира скапиот реалов играч.
Од втор план, но како сериозен конкурент се смета премиерлигашот Евертон кој што ова лето направи вистински потег со ангажирањето на Џејмс Родригез, а на клупата го има Карло Анчелоти.
Италијанскиот стратег е силно заинтересиран и сака во тимот да направи тандем Родригез – Иско кој ќе биде страв и трепет за секој еден противник. Се очекува во јануари Иско да биде ангажиран на позајмица, а потоа да следи трансфер.



