На трката за големата награда на Португалија што се возеше изминатиот викенд во рамките на Формула 1 за првпат после 1996, искусниот пилот, Кими Раиконен, го изведе еден од најдобрите стартови во историјата.
Финецот, со својот болид на ,,Алфа Ромео”, стартуваше како шеснаесетти, а во текот на првиот круг, дојде до шестата позиција, притоа паѓајќи и на седумнаесеттото место во еден момент.
Сепак, накрај Раиконен ја заврши трката како единаесетти и не освои ниту еден поен.
Видео: https://youtu.be/2ChdaNDFI30



