Екипата, која е дебитант во Чемпионшип и од која се очекуваше да ги разбие сите негативни рекорди, конечно го освои првиот поен во сезоната, а воедно и во втората лига.
Станува збор за Викомб Вондерерс, минатосезонските победници на плејофот на Лиг 1, кои во воведните седум кола забележаа седум порази со гол-разлика од 2-15.
Сепак, момците предводени од Герет Еинсворт, денес покажаа ,,заби” и цврсто одиграа против минатогодишниот премиерлигаш – Вотфорд.
Конечниот резултат изнесуваше 1-1, а тимот на Владимир Ивиќ поведе преку Исмаила Сар во 52. минута.
Четиринаесет минути подоцна, голот за домаќините го забележа дефанзивецот Ентони Стјуарт, кој ќе остане запаметен во историјата на Вондерерс.



