Деветтото коло од англиската Лиг 2 го отворија Кроули Таун и Транмер Роверс.
Домаќините, на својот ,,Пипл’с Пеншон Стадиум”, го запишаа вториот последователен домашен триумф, кој исто како претходниот против Моркамб, изнесуваше 4-0.
Момците предводени од Џон Јемс, веќе на четвртина од натпреварот, имаа капитална предност од 3-0, откако погодија Макс Вотерс (13′), Том Николс (21′) и Џордан Таниклиф (24′).
Во второто полувреме, Тајлер Фрост (71′) само ја завери победата на својот тим и го постави конечниот резултат.
На табелата, Кроули изби на деветтото место со новите три поени, додека минатосезонскиот третолигаш ја зазема седумнаесеттата позиција.



