Дејан Кулушевски е спасителот на Јувентус и нивниот менаџер Андреа Пирло, бидејќи најпрвин ,,Старата дама” имаше негатива од 0:1 против Верона со голот на Фавили, а Пирло откако Кулушевски го испрати на терен во 60 минута со постигнат гол во 78 минута го спаси Јувентус од пораз.
Крилниот фудбалер, имаше одличен продор по крилната позиција влезе во шеснаесетникот и прецизно биеше во противничката мрежа за крајно реми со резултат од 1:1.



