Англискиот голфер, Рос МекГоувен, ја оствари својата втора победа на Еуропеан Тур, освојувајќи го ,,Италијан Опен” што се одржа во текот на изминатиот викенд.
Освен овој турнир, Англичанецот претходно го освои и ,,Мадрид Мастерс” пред единаесет години, односно на 11 октомври 2009.
МекГоувен лошо го започна турнирот, завршувајќи го првиот ден на деветтото место со (-6) поени.
Сепак, после вториот ден успеа да скокне на втората позиција со (-14), а веќе третиот ден го делеше водството со неговиот сонародник Лори Кантер со (-19).
Имено, Кантер го постави рекордот на овој турнир за 36 дупки, забележувајќи учинок од (-16) после вториот ден.
Последниот ден беше среќен за МекГоувен, кој се издвои на врвот со вкупни (-20), оставајќи ги зад себе, со по (-19), Лори Кантер и Николас Корсаертс.



