Трактор Чељабинск ја забележа седмата победа во последните девет средби, откако денес го совлада Амур Хабаровск со 2-4.
Амур, со овој пораз, ја прекина својата серија од три врзани победи, но сепак остана во плејоф-зоната на Истокот, односно на осмата позиција.
Имено, денес, Трактор поведе преку Дмитри Огурцов, а до крајот на првата третина, во период од само триесет секунди, Амур направи целосен пресврт со головите на Кирил Расказов и на Валери Василиев.
Сепак, во наредните два периоди, трите голови на Трактор беа доволни за триумф, а стрелци на истите беа Виталиј Кравцов во втората, односно Игор Исајев и Томаш Хика во третата третина.



