Тимот со најдобар учинок во регуларната сезона, ЛА Доџерс (43-17), успеа да се пласира во финалето на МЛБ по третпат во последните четири години.
Претставниците на Лос Анџелес, во полуфиналето против Атланта Брејвс, иако губеа со 3-1, успеаја да изборат ,,мајсторка” и во неа да слават со 4-3.
Седмиот меч беше прва ,,мајсторка” во историјата на МЛБ, каде што и двете екипи стартувале со фрлач-дебитант (Ијан Андерсон и Дастин Меј).
Атланта започна одлично, со водство од 0-2 после првите два, односно со 2-3 после првите четири ининзи. Во овој период, Брејвс забележаа и еден хоум-ран што беше постигнат од Дансби Свонсон.
Сепак, до крајот не постигнаа ниту еден поен, а Доџерс забележаа два победнички хоум-рани на Кике Хернандез и на Коди Белинџер.
Во финалето, Доџерс ќе се соочат со Тампа Беј Рејс, во четвртиот дуел во историјата, во којшто, силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи од регуларната сезона.



