Има натпревари кои што ги нарекуваме дерби натпревари, тоа е меч помеѓу две вонсериски екипи, со ѕвезди и набој за победа. Но во фудбалот постојат и дерби во кој што учествуваат и екипи од долниот дел на табелата.
Во таков случај е и средбата во рамките од 10 коло од Прва ЖФЛ одиграна во Радовиш помеѓу домашната екипа на ЖФК Плачковица и тимот на ЖФК Кочани. Мечот помина во фер и коректна игра и желба за освојување на бодови.
Трите бода ги освои ЖФК Плачковица со триумфот од 5:0. Стрелци за победничката екипа ги постигнаа двојниот стрелец Викторија Стојаноска, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Ирена Јованова, Зорица Анастасова и Марија Бојкова.



