Спарта Ротердам и Фејеноорд се градски ривали, чијшто анимозитет потекнува од почетокот на минатиот век.
Имено, Спарта е основана во 1888 година, кога фудбалот во Холандија бил наменет само за претставниците на високата класа, додека Фејеноорд е основан во 1908, во истоимениот кварт на Ротердам што бил центар на работничката класа.
Денес, во рамките на петтото коло од Ередивисие, овие две екипи го одиграа 112. ротердамско дерби.
Истото заврши со резултат од 1-1 што претставува 27. меѓусебно реми.
Стрелец на водечкиот гол за Фејеноорд беше Риџесијано Хапс (44′), додека за Спарта, од пенал погоди Ленарт Тај (52′).
На табелата, Фејеноорд е прв, а Спарта – претпоследна, со натпревар повеќе во однос на конкурентите.



