Овој викенд беше отворена новата сезона во алпско скијање на падините во околината на австрискиот Зелден.
Имено, ова е единствената стаза од календарот каде што во ист викенд скијаат и жените и мажите.
На вчерашната програма беше женската конкуренција, во којашто, до втората победа во кариерата стигна Марта Басино.
Денес, кај мажите, најбрз после двете серии беше дваесетгодишниот Лукас Браатен, кој ја запиша првата победа, а воедно и првиот подиум во Светскиот куп.
Освен Норвежанецот, на подиумот завршија двајца Швајцарци – Марко Одермат (+0,05) и Џино Кавиецел (+0,46).
Од скијачите, кои разочараа, најмногу се истакна актуелниот шампион, Александер Омодт Килде, кој поради грешка го заврши своето скијање во првата серија. Освен него, разочараа сите Австријанци, од кои, на домашната патека, најдобар беше Штефан Бренштајнер на седумнаесеттото место.
Од друга страна, после првите настапи, најбрз беше Џино Кавиецел, а првите четиринаесет натпреварувачи беа во заостаток помал од една секунда.
Конечен поредок на првите десетмина:
- Лукас Браатен 2:14,41
- Марко Одермат (+0,05)
- Џино Кавиецел (+0,46)
- Алексис Пантуро (+0,49)
- Хенрик Кристоферсен (+0,56)
- Лоик Мејар (+0,56)
- Жан Крањец (+0,77)
- Леиф Кристијан Хауген (+1,04)
- Тибо Фавро (+1,21)
- Лука де Алипрандини (+1,37)



