Репрезентативниот бек, Дарко Димитриевски игра во одлична форма, но истото не може да се каже за неговиот клуб Синфин од Сантандер, кој е во долниот дел на табелата во шпанската Асобал лига.
Во рамките на осмо коло Синфин на домашен терен загуби од Ваљадолид со резултат од 25:29, а прв стрелец во поразениот тим беше токму Дарко Димитриевски со шест постигнати гола. Во наредно коло Димитриевски со Синфин има тежок испит против тимот на Бидасоа Ирун.



