Петтото коло од новата Чемпионшип сезона го отворија екипите на Дерби Каунти и на Вотфорд.
Ова беше нивен прв меѓусебен дуел после 3 април 2015, кога ремизираа со 2-2 во рамките на четириесеттото коло од втората лига.
На денешната средба, Вотфорд дојде релативно ослабен, поради повредите на неколку важни играчи како Трој Дини, Етиен Капуе, Андре Греј и Вил Хјус.
Сепак и покрај неповолностите, ,,Стршлените” дојдоа до својот прв гостински триумф над Дерби после 10 март 2012, а воедно и до првата гостинска победа после 12 јануари 2020, кога славеа со 0-3 на ,,Виталити Стадиум” над Барнмут во Премиер лигата.
Конечниот резултат на денешниот меч изнесуваше 0-1 за Вотфорд, а стрелец на единствениот погодок беше Жоао Педро во 76. минута.
За ,,Овните”, ова е четврти пораз во новата сезона, со гол-разлика од 2-9, додека Вотфорд изби на петтото место со натпревар повеќе во однос на конкурентите.



