По четврти пат во последните пет сезони, Мелбурн Сторм се пласираа во финалето на НРЛ, каде што ќе се борат за својата четврта титула во 23-годишната историја на клубот.
Во денешното полуфинале, Сторм ги декласираа Канбера Рејдерс со 30-10, по убедливото прво полувреме.
Имено, по првите дваесет и пет минути, Мелбурн стекна предност од клучни 24-0 што накрај се покажаа како повеќе од доволни за посакуваниот триумф.
Во вториот дел, победниците постигнаа само еден полн есеј. Единствените две полагања за Рејдерс беа дело на српскиот Австралиец Ник Чортиќ, кој поентираше последен и во двете полувремиња.
За Мелбурн, петте есеи беа дело на пет различни рагбисти: Бромвич, Папенхујзен, Вунивалу, Олам и Финукејн, а останатите поени ги постигна Смит преку четири конверзии и еден пенал.
Во финалето, Мелбурн ќе ги одмери силите со победникот од второто полуфинале, во коешто ќе се соочат Пенрит Пантерс и Саут Сиднеј Рабитохс.
Најдобрите моменти од првото полуфинале можете да ги проследите на следниот линк: https://www.nrl.com/news/2020/10/16/match-highlights-storm-v-raiders/?utm_source=NRLTWContent&utm_medium=social&utm_campaign=NetworkContent



