Вечерва во натпревар од Лигата на шампионите, Вардар одигра одличен натпревар и славеше против германски Фленсбург со 31:26, откако на полувреме беше 17:15 за нашиот тим.
Стојанче Стоилов беше најдобар на теренот и постигна 8 голови. Јотиќ постигна 6 погодоци, додека Дисингер беше стрелец на 5 голови.



