Кристал Палас донесе ново засилување во своите редови, односно го врати назад поранешниот играч Натаниел Клајн.
Имено, Англичанецот одигра 137 натпревари за Палас од 2008 до 2012, пред да премине во Саутемптон. После три години на јужниот брег, Клајн помина пет сезони како член на Ливерпул со една позајмица во Барнмут во 2019. Исто така, 29-годишниот дефанзивец има забележано и четиринаесет настапи за сениорската англиска репрезентација.
,,Јас сум момче од Лондон, овде пораснав. Се враќам дома, каде што се мојата фамилија и моите пријатели. Неверојатно е чувството дека се враќам, уживам во тоа и се надевам дека ќе уживам во фудбалот повторно.” – се огласи Клајн за време на потпишувањето на договорот.



