Хјустон Астрос засега успеаја да опстанат во полуфиналето, откако синоќа намалија на 3-1 против Тампа Беј Рејс.
Имено, Астрос славеа со 4-3 и ги задржаа своите надежи за потенцијален пласман во финалето.
По првите три ининзи, победничкиот тим стекна предност од 2-0, којашто беше анулирана во четвртиот ининг.
Сепак, само една деветина подоцна, Астрос ја вратија својата предност од два поени (4-2) и до крајот им допуштија само уште еден поен на ривалите.
За Астрос, на овој меч, хоум-ран забележаа Хозе Алтуве и Џорџ Спинџер, додека за Рејс поентираше само Ренди Арозарена.



