Осмопласираниот снукер играч на светската ранг-листа, Шон Марфи, во 1/32-финалето на ,,Инглиш Опен”, ги одмери силите со аутсајдерот Дејвид Лили, кој ја зазема 91. позиција во светот.
Во првиот фрејм, Марфи беше доминантен, а со малку среќа го освои и вториот за водство од 2-0.
Лили успеа да израмни на 2-2, правејќи и еден троцифрен брејк од 119 поени.
Во петтиот фрејм, Марфи стигна до меч-топка, откако буквално му го украде фрејмот на противникот за водство од 3-2.
Лили го однесе натпреварот во одлучувачката седма партија, израмнувајќи повторно на 3-3 со брејк од 116 поени, а потоа и да стигне до победата од 4-3.
Имено, Лили е трикратен англиски аматерски снукер шампион и во 1/16-финалето ќе се соочи со Јуелонг Жу.
Освен Марфи, во раната фаза на овој турнир отпаднаа и други големи имиња: Џек Лисовски, Лука Бресел, Стјуарт Бингам, Најџел Бонд и Марк Ален.



