По поразот од Автомобилист Екатеринбург пред дванаесет дена, екипата на Металург Магнитогорск успеа да се консолидира и да ја запише петтата победа по ред.
Имено, ,,Лисиците” денес ги совладаа Авангард Омск со 3-0.
Во втората третина, првиот гол го постигна Андреј Нестрашил – негов шести сезонава.
Следните два гола на Металург беа постигнати од Хари Песонен и од Андреј Чибисов во последната минута од средбата на празен гол.
На голот на победничкиот состав стоеше Василиј Кошечкин со одлични дваесет и шест одбрани за првиот негов ,,шут-аут” во новата сезона.
Со оваа победа, Металург изби на второто место со поен и натпревар помалку во однос на денешниот првопласиран ривал.



