Денешната Ф1 трка во Германија, беше прва на патеката ,,Нирбургринг”, после 2013 година.
За Финецот Валтери Ботас, ова беше јубилеен 150. старт во неговата кариера, додека Финецот Кими Раиконен стартуваше во Ф1 по рекорден 323. пат.
Петочниот тренинг во пресрет на трката беше одложен поради магливото време и неможноста на медицинскиот хеликоптер да стигне до патеката.
Наместо Ленс Строл, кој поради непознати причини беше оттргнат од стартот (неофицијално станува збор за Коронавирус), на стартниот грид се најде Нико Хулкенберг по третпат сезонава.
Хамилтон и Ботас водеа битка за врвот во воведните десетина кругови, но поради дефект, Ботас ја заврши својата јубилејна трка уште во осумнаесеттиот круг.
До крајот, Хамилтон извоза соло-трка и стигна до својата 91. победа во Ф1, со што го изедначи рекордот на Михаел Шумахер.
Подиумот го комплетираа Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо. Исто така, возачот на ,,Ред Бул” го освои и дополнителниотпоен за најбрз круг со време од 1:28,139 минути што воедно е и нов рекорд на патеката.
Од друга страна, Рикијардо го оствари својот прв подиум после две години, а му го донесе и првиот подиум на ,,Рено” после трката во Малезија во 2011.
Освен горенаведените тројца пилоти, поени освоија уште: Серхио Перез, Карлос Саинз, Пјер Гасли, Шарл Леклер, Нико Хулкенберг, Ромен Грожан и Антонио Џовинаци.



