Во Мото 2 и во Мото 3 категоријата на трката во Ле Ман, сведоци бевме на големи возбудувања.
Во Мото 2, Џејк Диксон беше на чекор до првата победа во кариерата, но Британецот направи колосална грешка и излета на пет кругови до крајот. Оваа ситуација најдобро ја искористи неговиот сонародник Сем Лоус, кој победи за првпат после трката во Арагон во 2016. Подиумот на оваа трка го комплетираа Реми Гарднер и Марко Беѕеки, кои ги сменија своите позиции во последната кривина.
Во Мото 3, првите шест возачи беа во само една секунда, а најбрз од нив беше Италијанецот Челестино Виети, кој победи по вторпат сезонава.
Подиумот на оваа трка го комплетираа Тони Арболино и Алберт Аренас, кои заостануваа помалку од две десетинки во однос на победникот.
Најголем губитник во целата ситуација е Шкотланѓанецот Џон МекФи, кој сега, од третото, падна на петтото место во вкупниот поредок, откако беше исфрлен од својот мотоцикл од страна на Џереми Алкоба.



