Стефан Ристовски игра во врвна форма, а тоа го покажува и во репрезентативниот дрес, а од оваа сезона по заминувањето на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед е пикиран за нов капитен на тимот.
Сепак на последните натпревари не е во ростерот бидејќи за него има голем интерес за трансфер, па Спортинг Лисабон не сака да ризикува и нашиот репрезентативен бек е надвор од екипата.
За Ристовски за неговите услуги има интерес од шпански екипи, а сега се вклучија и руските гиганти Спартак и Динамо Москва кои што нудат 3 милиони евра обештетување на португалците.



